ССМ: Владата да донесе одлука за зголемување на платите за 18,4 отсто согласно Законот, а не да ги манипулира работниците со паушални зголемувања на платите од 2, 3, 5, 10, 15 отсто без никакви критериуми

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата да донесе одлука за зголемување на платите за 18,4 отсто согласно Законот, а не да ги манипулира работниците со паушални зголемувања на платите од 2, 3, 5, 10, 15 отсто без никакви критериуми, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

– Владата на седница веднаш да донесе Одлука за зголемување на платите на вработните во јавниот сектор за 18,4 отсто согласно усогласувањето утврдено во Законот и да не прави дискриминација на своите вработени со паушални зголемувања од 2, 3, 5, 10 или 15 проценти со што прави обид да го минира генералниот штрајк, а прави уште поголем револт кај вработените – наведува ССМ во денешното соопштение до медиумите.

Според Сојузот, Владата води погрешна политика, мислејќи дека креира политики со кои се справува со кризата, а податоците го покажуваат спротивното, дека разликата меѓу просечната нето плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари.

– Толку пари недостигаат за да може минимум нормално да живеее едно четиричлено семејство со просечна плата ако има само еден вработен. Лани таа разлика изнесувала многу помалку и била 5.436 денари, во 2020 година изнесувала 6.925 денари, во 2019 година 7.816 денари, а од друга страна и влијанието на порастот на цените и порастот на животните трошоци, растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема и за месец јуни изнесува 14,5%, влијае врз намалувањето реалната вредност на работничките приходи, исто така и на куповната моќ на работниците што доведува до осиромашување на целокупното население што е една од најголемите причинители што ги обесхрабува и демотивира работниците – велат од ССМ.

Сојузот ги потсетува Владата, општините и газдите од приватниот сектор дека Кривичниот законик се применува за сите, без исклучок, а предвидува – секој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

– За тоа, до септември, како што вели Законот, платите и во јавниот и во приватниот сектор треба да се успогласат за 18,4 отсто, а ССМ бара, се бори и е одлучен до крај да истрае за работниците да добијат достоинствени плати утврдени согласно законите и колективните договори кои мора да се спроведуваат и покрај сите притисоци – истакнаа од ССМ.

TAGGED:
Share This Article