ССМ: Синдикатите ги објави правилата за штрајкот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сојузот на синдикати  соопшти дека за време на генералниот штрајк во јавниот сектор најавен за 22 јуни ќе обезбедат расположив капацитет од 10 отсто од вработените во овој сектор, според правилата за штрајк.

-Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време,  видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот.  Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор – велат од  ССМ.

Штрајкот, како што соопштија претходно, се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на барања од работен однос – склучување општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 проценти од основицата.

TAGGED:
Share This Article