Српското МВР не сака тетовирани полицајци

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за внатрешни работи на Србија само оваа година би можело да остане без неколку млади обучени кадри и идни полицајци, а причината, ни помалку ни повеќе, е тетоважата што ја имаат на телото кандидатите кои ја поминале целата обука и потоа биле вклучен во ранг листата на Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица, јави дописникот на МИА од Белград.

Според Струковото здружение на полицајци „Д-р Рудолф Арчибалд Рајс“ од Нови Сад, специјализантите пријавиле дека пред потпишување на договорот со МВР имале притисок да потпишат барање за замрзнување на статусот на специјализанти, со што им е спречено продолжување на обуката.

– Овој чин, спроведен исклучиво против специјализанти со тетоважи, претставува очигледна дискриминација и грубо кршење на нивните права – велат од Струковото здружение на полицајци.

Поради тетоважата, таквите кандидати нема да бидат промовирани во полицајци.

– Почнав со обуката на 1 септември, 3 дена подоцна го потпишав Договорот и веднаш потоа ми дадоа два избора: да одам на таргетиран специјалистички преглед каде што ќе ме паднат поради мојата тетоважа која е во процес на отстранување; а вториот избор е да напишам молба во која барам ослободување од обука, со цел да ја отстранам тетоважата. Не ми беше понуден избор да останам на обука – го опишува искуството кандидатот од централна Србија за Нова.рс, кој инсистираше да биде скриен неговиот идентитет.

Тој тврди дека не е единствениот кому на ваков начин му била прекината обуката и дека имало шест такви лица.

„Сите тие се дискриминирани со постапувањето на Центарот“, тврдат од Струковото здружение на полицијата.

Повереникот за заштита на рамноправноста утврди дека забраната за носење брада и тетоважи е чин на дискриминација.

– За специјализантите не може да се применува Правилникот за начинот на однесување и личниот изглед на полициските службеници и другите вработени во МВР бидејќи тие не се вработени полициски службеници, а дури и да може да се применува спорниот Правилник, тој предвидува дека доколку некој има тетоважи, тој мора да ги покрие со облека, но секако тетоважа на телото на учесникот не може да биде пречка за обука – објаснуваат од ова здружение.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article