Финалето на ватерполо, на Игрите во Париз заврши како финалето на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година – со победа на Србија.
Во четвртините резултатот беше 5:2, 3:3, 3:3, 2:3.
Се покажа дека добриот почеток на тимот „Делфини“ беше пресуден, пишува српски 021.
Хрватската репрезентација одигра добро во втората и во третата четвртина, беше рамноправен ривал на селекцијата на Србија. Сепак, српските ватерполисти ја задржаа предноста и во последната четвртина влегоа со 3 гола предност.
Хрватите се обидоа да ги стигнат „делфините“ на крајот од мечот, но Србија одигра фантастична одбрана.
Победата на Србија ја запечати Милош Ќук на 30 секунди пред крајот на натпреварот.
Репрезентацијата на Србија во ватерполо го освои третото последователно злато на Олимписките игри.
Ова е петти медал за Србија на Олимписките игри во Париз. Златото го освоија стрелците Зорана Аруновиќ и Дамир Микец, како и Новак Ѓоковиќ, таеквондистката Александра Перишиќ го освои среброто, а српските кошаркари ја освоија бронзата.