Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре во Македонија ќе присуствува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на состанокот на лидерите за Планот за раст на Западен Балкан.
Во 9:40 часот ќе се одржи панел дискусија на лидерите, а во 11 часот е закажана пленарна средба на лидерите со претставници на меѓународни организации, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Во 12:15 часот ќе се одржи прес-конференција на лидерите на Западен Балкан, се вели во соопштението, објави РТС.
Претходно, српските медиуми јавија дека Вучиќ од денеска е во дводневна посета на Македонија.