More

    Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви,Васко Саздовски од Македонија e жртва во трагедијата во Нови Сад

    spot_img

    Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад.

    Васко Саздовски е македонскиот државјанин што загина денеска во несреќата кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.

    Во соопштението на српското обвинителство во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В..

    Досега се идентификувани седум од четиринаесетте жртви во несреќата. Ова е списокот кој го објавија српските медиуми:

    Васко Саздовски од Македонија – непозната возраст
    Анѓела Руман (20) од Стара Пазова
    Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
    Стефан Хрка (27) од Белград
    Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
    Ѓуро Швоња (77) од Степановиќе
    Вукашин Раковиќ (69) од Буковац.

    Идентификацијата на преостанатите жртви продолжува, а надлежните органи работат на истрагата за утврдување на причините за несреќата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img