Српскиот водител Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ се венчаа, дознава „Блиц“.
По среќниот повод се огласи Огњен и откри дека сакале сè да помине без врева и тој чин да остане само за нив.
– Вистина е, се венчавме. Сакавме да биде без бучава и тој чин да го задржиме само за нас. Ние веќе живеевме брак, сега е само на хартија. Јас сакав Мина да се презива како мене и сега го носи моето презиме, тоа што го остави на Инстаграм и своето – тоа ве лажат, да знаете (се смее) – рекол Огњен за „Блиц“.
Инаку, Огњен Амиџиќ и неговата избраничка Мина Наумовиќ наскоро ќе станат родители.
Мина и Огњен започнаа врска откако тој се разведе, а откако ја објавија радосната вест дека ќе станат родители, почнаа да живеат заедно.
Да потсетиме, водителот Огњен Амиџиќ неодамна проговори за бременоста на Мина.
– Поводот е прекрасен. Можам да кажам дека и Мина и јас сме пресреќни. Токму тоа го посакувавме и чекавме и се случи, што да кажеме. Буквално сум пресреќен. А од друга страна, малку сум суеверен, не сакам да зборувам премногу, само да биде сè во ред – рекол Огњен.