More

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со години не играл во Кина, но сепак одлично зборува кинески

    spot_img

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со години не играл во Кина, но сепак одлично зборува кинески. Се чини дека неговата колешка Олга Даниловиќ не знаела, бидејќи таа едноставно била во шок по натпреварот од Купот на Јунајтед кога Ноле зборуваше кинески – нејзината запрепастена реакција кажа сé!, пишуват српските медиуми.

    – Среќна Нова Година! Како сте, ви благодариме за поддршката! Ве сакам сите во Кина, мои добри пријатели! – набрзина рече Новак без воопшто да се сеќава на кинескиот јазик и потоа ѝ се насмевна на Олга Даниловиќ која зачудено го гледаше.

    Се  насмевна и тренерот на тимот – Виктор Троицки.

    Ѓоковиќ во 2022 година откри дека зборува четири или пет јазици. По освојувањето на Ролан Гарос таа година, тој на француски рече:

    – Колку јазици зборувам? Четири, можеби пет! Благодарен сум на тенисот што ми даде можност да патувам низ светот и да ги научам сите тие јазици.

     

    Се смета дека Ноле зборува англиски, француски, шпански, италијански, може да направи интервју на германски јазик, а сега се справи со кинескиот. Неговата сопруга Јелена еднаш откри дека се пробал и со рускиот:

    – Зборува и руски. И јас не знам како. Еден ден одлучи да го зборуватој јазик и готово… – рече таа во интервју за „Њујорк тајмс“ пред неколку години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img