Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби оро компонирано од пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ.
Јоксимовиќ бил инспириран и направил „Оро за Ноле“ кое деновиве го објави на социјалните мрежи, а стана хит за кратко време.
„Направив оро за Ноле, инспириран од последните случувања. Кој пее, зло не мисли“, напиша Јоксимовиќ
Тој бил инспириран од обраќањето на Ѓоковиќ кон грубите навивачи, што се случи по мечот со Руне.
Ѓоковиќ на навивачите кои беа против него им посака „добра ноооооооќ“, која брзо стана вирална, а со таа „добра ноќ“ си поигра и Јоксимовиќ.