Српскиот спортист Лазар Џукиќ се удави во езеро во Фортворт во Тексас за време на натпреварувањето во крос-фит, а неговото тело било пронајдено од нуркачи.
Според медиумите, Џукиќ исчезнал околу 8 часот, а телото било пронајдено еден час подоцна, додека на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи дека спортистот има сериозни проблеми за време на пливањето.