На социјалната платформа Х кружи видео од српскиот претседател Александар Вучиќ како шета сам по ходниците на зградата во Пекинг, каде што се одржуваше тридневниот самит „Појас и пат“.
Камерата на една кинеска телевизија го снимила осамениот Вучиќ како се чекори низ големата сала, многу замислен и осамен, пренесуваат медиумите во Србија.
Ако преводот од кинески јазик е точен, на крајот од снимката, една жена го прашува Вучиќ дали сака чај, но тој вели „фала“ и ја одбива понудата.
Во продолжение погледнете го видеото: