More

    Српскиот премиер Милош Вучевиќ заедно со неговата делегација утре ќе дојде во Скопје во официјална посета на земјава

    spot_img

    Српскиот премиер Милош Вучевиќ заедно со неговата делегација утре ќе дојде во Скопје во официјална посета на земјава, информираат од владиниот кабинет.

    Според информациите, македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе го пречека својот српски колега во 10 часот, а во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу двајцата премиери.

    Дополнително, предвидено е да се одржи и пленарна средба помеѓу делегациите на двете земји, по што ќе следи свечено потпишување на Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со српското Министерство за рударство и енергетика. За во 11 часот и 45 минути е предвидена заедничка прес-конференција за медиумите во Медија центарот на Владата.

    Од Министерството за внатрешни работи известија дека поради посетата на претседателот на Владата на Република Србија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img