Српските медиуми објави дека пејачот Марко Булат (49) вчера околу 16 часот завршил во Ургентниот центар во Белград, а за повредите ја обвинил сопругата Марија.
Марко Булат бил донесен во болница со приватно возило, а неговите повреди биле видливи.
Според „Блиц“, Булат бил подложен на операција.
Подоцна на Марија ѝ била изречена забрана за приближување на сопругот.
Марко Булат е познат уште од деведесеттите, кога ја започна својата музичка кариера. Тој беше познат како „крал на сплавовите“.
Тој е седум години во брак со Марија, која своевремено учествуваше во реалното шоу „Задруга“.
ФОТО: Инстаграм/ATA Images