Српскиот пејач Ѓорѓе Давид доживеал сообаќајна несреќа во Белград

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот пејач Ѓорѓе Давид доживеал сообаќајна несреќа во Белград.

Неговиот автомобил одзади го удрил друг автомобил во кој се наоѓале маж и жена.

Сударот се случил на раскрсницата од улиците Булевар Зоран Ѓинѓиќ и Народни херои, пишува „Србија данас“.

Членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и пејач се огласи по сообраќајната несреќа.

„Да, имав мала сообраќајна несреќа во Нов Белград, но сè е во ред. Додека возат автомобил, на луѓето дефинитивно паметот им е на друго место. Човекот што ме удри е виновен, а јас сум претежно беспрекорен во сообраќајот, веројатно она што може да ми се случи е брзо возење и тоа минорно. Ми направи само мала штета на автомобилот, но се чувствувам виновен затоа што човекот има две деца и ќе треба да плати малку повеќе бидејќи мојот автомобил е поскап. Инаку, вакви несреќи ми се случуваат околу четири-пет пати годишно и секогаш е виновен некој друг. Сето тоа ме нервира затоа што тогаш доцнам, денеска требаше да бидам во Македонија во 17 часот на важен состанок и сега доцнам. Па, важно е сите да сме добро“, изјавил Ѓорѓе Давид.

Share This Article