Сакам да искажам благодарност до српскиот патријарх господин Порфириј кој покажа најголема смелост од сите досегашни патријарси, најголема жртва и најголема љубов кон нас Македонците и кон нашата Света црква за да бидеме признаени со сите помесни цркви и тоа под нашето уставно име Македонска православна црква – Охридска Аехиепископија.
Ова го рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, откако на храмовата слава во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, со благослов на српскиот патријарх Порфириј, гостуваше хорот „Прво белградско пејачко друштво“.
– Исто така се заблагодарувам на овој хор кој приреди радост со убавото пеење – изјави, меѓу другото, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозландски г. Петар.