More

    СРПСКИОТ МИНИСТЕР МОМИРОВИЌ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Тој му се обрати на Вучиќ

    spot_img

    Министерот за внатрешна и надворешна трговија, Томислав Момировиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради трагедијата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени при пад на настрешница, јави дописникот нa МИА од Белград.Како што пренсеоa српските медиуми, во текстот на оставката испратена до српскиот премиер Милош Вучевиќ, Момировиќ наведува дека поднесува оставка од функцијата министер за внатрешна и надворешна трговија и дека му е благодарен на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за довербата и за наградата. Како што изјави Момировиќ, „тој е секогаш тука за него и за Србија“.

    Пред Момировиќ, на 5 ноември, оставка поднесе Горан Весиќ од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија, поради притисокот на јавноста по уривањето на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а еден им подлегна на повредите. Уште две лица се во болница во тешка состојба.

    Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека „уште утре“ се очекуваат нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img