„Сакам примирје и мир, иако слушнав од луѓето и од Москва, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, в лице ми кажа дека тоа не е добра идеја, а Москва го потврди истото. И покрај тоа што го велат и Киев и Москва, јас верувам дека тоа е единствената нормална и добра идеја и немам проблем ако луѓето не го разбираат тоа во светот денес. Не можам да им помогнам“.
Вака одговори на новианрско прашање српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ги денешните наводи дека Русија употребила интерконтинентална балистчка ракета во напад во источниот украински град Дњепар, пишуваат српските медиуми.
Според Вучиќ, рускиот напад бил очекуван по украинските напади со ракети со долг дострел во Бјранск и во Курск, а светот може да биде доведен до катастрофа. Тој нагласи дека Србија не сака никој никаде да гине и дека сака мир.
– Ако некој мисли дека може да гаѓа сè што сака на територијата на Руската Федерација со логистика на западните земји, со западно оружје, кое не постои во Србија, Словачка или во Украина, и дека тоа оди без одговор и дека Путин нема да користи секаков вид на алатка за кое смета дека е неопходно, или не го познавате, или не сте нормални – рече Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека доброо го познава Владимир Путин и дека тој нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје во случај регионот на Москва да биде загрозен од украински напад.