Никола Јокиќ синоќа против Хјустон имаше уште една одлична партија во НБА и се запиша во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот во уште една категорија. Српскиот центар го забележа 109. трипл-дабл учинок во кариерата, постигнувајќи 36 поени со 21 скок и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за Денвер да го избегне вториот пораз сезонава, 107:104.
Сепак, Јокиќ успеа да направи уште една неверојатна работа кога се во прашање статистичките параметри.
По десетти пат во кариерата, ѕвездата на Денвер нагетс успеа да постигне трипл-дабл на еден натпревар во кој имаше 30 или повеќе поени, 15 или повеќе скока и десет или повеќе асистенции.
Така на вечната листа им се придружил на Оскар Робертсон и Вилт Чембрлен, единствените кои десет пати во кариерата успеале да направат такво нешто.