More

    Српскиот капитен им забележа на судиите

    spot_img

    Иако заостануваа во поголемиот дел од мечот кошаркарите на САД ја победија Србија во полуфиналето со 95:91 и одат во финалето на Олимписките игри (ОИ) каде што ќе играат против Франција.

    Избраниците на Светислав Пешиќ беа на прагот на сензационална победа над една од  најсилните селекции на САД во историјата.

    Стеф Кари со 36 поени (9/14 тројки.и осум скока) беше прв стрелец кај Американците. Џоел Ембиид постигна 19, а Леброн Џејмс забележа трипл-дабл, 16 поени, 12 скока и 10 асистенции.

    За Србија, Богдан Богдановиќ постигна 20 поени, а Никола Јокиќ 17 поени со 11 асистенци и пет скока.

    Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдановиќ по поразот изјави дека нема да зборува за судиите, но спомна за одредени спорни одлуки.

    Првотимецот на Атланта пред насобраните српски новинари во главниот град на Франција изјави дека не сака да ги критикува судиите, туку дека смета дека судењето можело да биде подобро.

    -На Американците не им треба ваква помош против нас. Сепак, не сакам тоа да биде некакво оправдување или да ги критикувам судиите. Игравме добро, а јас не сакам да размислувам како губитник. Бевме мирни цел натпревар, воопшто не разговаравме со судиите, сакавме да ги победиме и нив. Не сум тип што зборува за судиите, иако мислам дека тие можеа да донесат некои одлуки поинаку – изјави Богдановиќ

    Богдановиќ уште еднаш истакна дека е горд на своите соиграчи и верува дека ќе успеат да го освојат бронзениот медал против Германија, а тој дуел е закажан за в сабота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img