Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ вторпат го изговори судбоносното „да“, овој пат на својата голема љубов од детството Катарина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ вторпат го изговори судбоносното „да“, овој пат на својата голема љубов од детството Катарина, со која имаше гала-венчавка на која присуствуваа многу пријатели, колеги и членови на семејството.

Познато е дека Лазиќ не е човек кој штеди, па заедно со својата избраничка се потруди сè да биде на ниво, со сите адети и обичаи. За нивната венчавка сè уште се зборува, а Катарина Лазиќ сега го откри најоригиналниот, а и најнеобичниот подарок што го добиле.

„Најубав подарок беше наша слика, која беше рачно изработена, а најнеобично, верувале или не, празни пликови. Ги поздравувам оние што ни донесоа празни пликоа на подарок, бев многу изненадена“, рече Катарина.

За потсетување, за свадбата младенците потрошиле милион евра, пренесоа медиумите.

Share This Article