Поранешната мис и учесничка на ТВ ријалити шоуа Јована Љубисављевиќ и бизнисменот Богдан Срејовиќ, познат во јавноста по љубовната врска со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна го изговорија судбоносното „да“ во манастирот Грачаница, а сега споделија прекрасна вест.
Поранешната мисица е бремена, со што сега се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа објави фотографија од свадбата со својот избраник, на која се гледа како Богдан ја бакнува во стомак, а следната фотографија беше јасна порака:о доаѓа – гласеше текстот, додека во аголот имаше фотографија од бебе во стомакот.
Да потсетиме, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решија да стават крај на нивната емотивна врска во 2022 година, по една година врска.
ФОТО: Инстаграм