Српскиот актер Бојан Лазаров трагично почина во Белград

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот актер Бојан Лазаров (50) трагично почина во Белград. Актерот скокнал од мостот на Ада, а на самото место на трагедијата бил оставен неговиот автомобил, во кој било пронајдено проштално писмо.

Лазаров на многумина им е познат по улогите во „Белградски фантом“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Вистина и лаги“, „Тајните на лозата“, „Црвена месечина“ и „Викенд со тато“. Зад себе остави десетици улоги во театарот и филмот.

Од 1996 година глумеше во театар, филм и телевизија. Беше постојан член на Малиот театар „Душко Радовиќ“, а беше и во ансамблот на Народниот театар во Сомбор. Играше и на сцената на Југословенскиот драмски театар во Белград.
Како што пишуваат српските медиуми, актерот зад себе оставил проштално писмо. Српските медиуми пишуваат дека тој долги години со години се борел со депресијата.

Зад себе оставил две деца, кој ги добил од бракот што завршил со развод.

ФОТО: Јутјуб

Share This Article