More

    Српски тренер доби отказ затоа што му го честитал роденденот на Путин

    spot_img

    Српскиот тренер Владимир Јивановиќ доби отказ во Естонија откако јавно му го честитал роденденот на рускиот претседател Владимир Путин. Естонскиот футсал клуб Смсрах од Вијмса по брза постапка го раскинал договорот  со српскиот тренер  откако било забележано дека тој на социјалните мрежи му го честитал роденденот на Путин. Претседателот на Русија на 7 октомври го прослави својот 71 роденден, кој Јовановиќ го одбележал јавно на својот профил на социјалните мрежи, по што некој го „пријавил“ во клубот и по кратка средба било одлучено да му биде раскинат договорот, пренесуваат српските медиуми.

    Како што јави руската новинска агенција РИА Новости, Владимир Јовановиќ закачил фотографија од претседателот на Русија и му го честитал роденденот.

    „Да си жив, имењаче. Срби и Руси, браќа засекогаш!“.

    Како што изјави директорот на естонскиот клуб, Андреј Головин, Јовановиќ добил отказ поради „некоректно однесување на социјалните мрежи“, и дека на крајот ја прифатил одлуката со разбирање. И покрај тоа, во првата изјава по оваа несекојдневна ситуација на Балтикот, српскиот тренер рече дека никој не може да му го одземе правото на слобода на говор.

    – Јас сум спортист од земја која има свои традиции, исто како и Естонците. Ги почитувам сите, но никој на планетава не може да ми каже како да размислувам. Тоа се вика слобода на говор, тоа е демократија. Жал ми е што gо доживеав ова горчливо искуство – изјави Јовановиќ.

    Инаку, Владимир Јовановиќ е на клупата на овој клуб од минатиот декември, а Смсрах е повеќекратен шампион на Естонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img