Српски имунолози го коментираат преклопувањето на грипот со ковид за претстојната есен

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преклопувањето на сезоната на грипот со онаа на ковид-19 оваа есен ги разбуди сомнежите за можна „совршена бура“ односно „твиндемија“. Новите подваријанти на омикрон „Ерис“, „Кракен“ и „Пирола го зголемија бројот на заболени во одредени земји вклучително и во соседна Србија. Но, тамошните имунолози велат дека не постои место за паника.

Имунологот Небојша Бохучки за српски „Блиц“ вели дека не постои доказ дека новите соеви водат до потешка клиничка слика или пак до поголема смртност. Она што не е исклучено за оваа есен, според него, се маските.

– Симптоми на „Ерис“ се затнат нос, потоа течење на носот, кивање, кашлање, главоболка. Интересно е што болката во грлото може да даде чувство на печење и печење. Сето ова наликува на симптомите на настинка и пред сѐ има афинитет кон горниот респираторен систем. Но, кај нас, кај лица над 65 години и кај лица помлади од 65 години кои имаат нарушен имунолошки систем, забележано е дека се спушта на долните дишни органи, пред се на белите дробови и може да предизвика пневмонија, што секако е посериозна работа во однос на симптомите на настинка. А забележано е дека е можна и хоспитализација – наведува тој за „Блиц“.

Светската здравствена организација соопшти дека подваријантата EG.5, позната како „Ерис“ не претставува голема закана за јавното здравје и дека нема докази дека предизвикува потешки форми на болеста во споредба со другите видови кои циркулираат во моментот.

Додека случај на „Ерис“ беше забележан во Србија на 30 август, Црна Гора регистрираше случаи на „Ерис“ и на подсојот „Форнакс“.

Германскиот Бундестаг неодамна расправаше за потребата на враќање на маските оваа есен.

Њујорк Тајмс неодамна објави напис во кој се вели дека е паметно да побарате ревакцинација со ажурираната вакцина за новите подсоеви.

Хафингтон Пост вчера напиша дека Американската агенција за храна и лекови ги одоборила новите вакцини на „Фајзер“ и на „Модерна“ кои треба да штитат против подсоевите како „Ерис“, „Кракен“ и „Форнакс“. Се чека и на одоборување од страна на ЦДЦ, Американскиот Центар за контрола на болестите. Од таму веќе ги советуваа сите американски граѓани постари од 6 месеци да ја земат ажурираната вакцина.

Компанијата Новавакс тестира своја ажурирана вакцина чие одоборување допрва се чека, пишува Ројтерс.

- Advertisement -
Ad image

Имунлогот Бохучки вели дека бивалентната вакцина за подсоевите BA 4 и BA 5 на омиркон би требало да ја заврши работата во Србија оваа есен.

– „Пирола“ има 36 мутации во однос на „Кракен“, што значи дека повторно доцниме со вакцината, но тоа е видено и секогаш се случува. Науката создаде вакцина, но вирусот не стои и се менува. Во Србија имаме бивалентна вакцина базирана на омикронската подваријанта BA 4 и BA 5. Секој што сака да добие бустер и да земе дополнителна доза може да ја земе таа вакцина, а „Пирола“ е BA.2.86., очигледно другите бројки се и во самата етикета. Се препорачува да се направи бустеризација со тоа што го имаме, а уште подобро ќе биде ако добиеме и вакцина против „Кракен“ – објаснува Бохучки за „Блиц“.

А дали треба да се вакцинираме против грип? Според Градскиот завод за јавно здравје во Србија, вакцината против сезонски грип треба да ја примат лицата над 65 години, хронично болни, со невролошки и метаболички нарушувања, малигни заболувања, имунодефициенција, бремените жени и сите здравствени работници.

- Advertisement -
Ad image

Лекарите и епидемиолозите посочуваат дека времето потребно за стекнување имунитет се движи од две до три недели по давањето на вакцината, а времетраењето на имунитетот варира од шест до 12 месеци.

„Најдобро е да се вакцинирате против грип околу еден месец пред вообичаено да се појави вирусот на грип во оптек. Во Белград вирусот најчесто се открива во декември или јануари, а максималната активност ја покажува во февруари или март. Најоптимален период кога треба да се вакцинираме е октомври, ноември и првата половина на декември“, наведуваат од Заводот.

Share This Article