Српската ѕвезда Јелена Карлеуша, која во новогодишната ноќ настапи во еден белградски хотел, доживеа бизарна незгода, што ја сподели и на својот профил на Инстаграм.
Нејзините пријатели и танчерите едвај успеаја да ја извлечат од сребрениот костум на Баленсијага.
Бидејќи костумот е едноделен, заедно со чизмите, Јелена мораше да легне на подот, за нејзиниот тим да го поправи шлицот.
Баленсијага е позната модна куќа од Шпанија, основана во 1930-тите, од познатиот моден дизајнер и иноватор Кристобал Баленсијага.
Пејачката во еден момент го покажа средниот прст и рече: „Јас сум Баленсијага“.
Погледнете го настапот на Карлеуша во овој сребрен костум: