More

    Српската водителка донесе одлука дали ги напушта „Ѕвездите на Гранд“

    spot_img

    Водителката на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет е бремена и чека син со сопругот Немања Живоиновиќ.

    Сања е во четвртиот месец од бременоста.

     

    Сања веќе донела одлука оваа сезона нема да ја заврши како водителка на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, туку ќе замине на породилно, објави продукцијата „Гранд“.

    Инаку, ова и е втор брак. Таа има два сина, помалиот Страхињa и постариот Андрија, кои ги доби во првиот брак.

    – Бевме во врска во раните дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно. Еден поглед е доволен за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – изјави своевремено Сања Кужет, која останува доследна на нејзината одлука да ја задржи приватноста во блискиот круг на семејството и пријателите.

    – Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е нашата заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе – изјави во една прилика таа за локалните медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img