Српската тенисерка Ана Ивановиќ e бремена по трет пат.
Таа и нејзиниот сопруг, познатиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, ја споделија веста со фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм.
„Бастијан и јас официјално ќе бидеме надбројани“, напишала Ана во објавата.
Таа и Бастијан се заедно од 2016 година. Ги имаат синовите Лука (5) и Леон (3).
Ана има 35 години. Води мирен, семеен живот, но интересот на јавноста за неа не престанува.