Српската ријалити ѕвезда ја објави првата фотографија со новородената ќерка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Победничката во српското реално шоу „Задруга 2“, Луна Џогани денеска се породи и на свет донесе девојче, на кое ѝ го дадоа името Лана.

Ова е втора ќерка на Луна, бидејќи пред три години во бракот со избраникот Марко ја доби ќерката Миа.

По породувањето Луна на својот профил на Инстаграм објави прва заедничка фотографија со наследничката Лана.

„Здраво, јас сум Лана Миљковиќ, родена сум на 04.10.2023 година во 09:00 часот! Нашата Лана е во наши раце и што повеќе да посакам, само благодарност до Бога за се што ни дал! Ќе бидеш најсакана на светот, а сигурна сум дека ќе ја имаш најдобрата сестра на светот!“, напиша Луна.

Да потсетиме, Марко Миљковиќ и Луна Џогани својата љубов ја започнаа во реалното шоу „Задруга“. Иако многумина не веруваа дека нивната врска ќе опстане, а против тоа беше дури и мајката на Луна, Анабела, Марко и Луна својата романса ја крунисаа со брак.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article