Српската пејачка Тања Савиќ ужива во љубовта со 11 години помладиот пилот Мухамед Мешиќ Муки, а сега откри кога планираат да се венчаат.
Тања Савиќ не крие дека среќата ја нашла покрај помалдиот Муки, а како што рекла, свадбата ја планираат следната година, по нејзиниот концерт во Штарк Арена во Белград.
„Што се однесува до бракот, нека биде прстен по Арената, а морам да кажам дека венчавката треба да биде следната година. Морам да кажам дека не отстапуваме од нашите планови, а што се однесува до мојот концерт, се надевам дека некој ќе запроси девојка на мојот концерт“, рекла Тања во емисијата „Премиер, викенд специјал“, пренесува „Блиц“. Тања воедно и открила кој ќе гостува на нејзиниот концерт.
– Ќе имам тројца гости, ќе бидат Бане Мојиќевиќ и Јана, а третиот не би го открила – рекла Тања.
За потсетување, Тања има закажан концерт за 23 ноември во белградската Арена.