Српската пејачка Јелена Карлеуша има голем број обожаватели не само низ регионот, туку и ширум светот, а таа е пример за многу светски познати ѕвезди.
Јелена Карлеуша синоќа имаше спектакуларен настап во преполната дискотека во Будва, каде беше јасно колку публиката е желна за нејзините настапи во живо.
Карлеуша на своите концерти секогаш прави незаборавна атмосфера и своите обожаватели ги фрла во транс, а едно момче од публиката го маѓепсала до тој степен што среде настап ѝ подарило роза и ја замолило да се омажи за него.
Карлеуша се согласила, но имала еден важен услов.
– Ќе се омажам за тебе, но кога ќе пораснеш, а ти растеш. И едвај чекам да пораснеш. Колку години имаш? Дали имаш 15 години? 16? 17? 20? 18? – го прашала Јелена момчето додека ја пеела песната „Чаје шукарие“ на Здравко Чолиќ.
Снимката од овој романтичен момент брзо стана вирална на социјалните мрежи.