More

    Српската опозиција ги продолжува протестите

    spot_img

    Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград вечерва се одржа осмиот протест организиран од опозициската коалиција „Србија против насилството“ која тврди дека парламентарните и локалните избори одржани на 17 декемвр се украдени.

    Неколку илјади луѓе се собраа на улицата „Краља Милана“, каде што е седиштето на РИК.

    Претставниците на листата „Србија против насилството“ порачаа дека доколку не се исполнат нивните барања, протестот ќе го продолжат утре во 18 часот.

    Меѓу насобраните има и голем број млади луѓе кои своето незадоволство од работата на РИК го изразуваат со свирежи, скандирање против претседателот на Србија Александар Вучиќ и извикување „Вучиќу, оди си!“.

    Коалицијата „Србија против насилството“ бара распишување нови избори, како во Белград, така и во цела Србија, а заедно со пратеничката Мариника Тепиќ, во седиштето на РИК штрајкуваат со глад уште неколку претставници на таа коалиција.

    На протестот се приклучија и студентите кои до 18 часот ги блокираа клучните патишта во центарот на Белград. Студентите пред зградата на РИК најавија дека протестите ќе ги прошират во цела Србија, доколку до среда нема позитивен одговор на нивните барања. Тие побараа ослободување на колегите кои беа уапсени синоќа, а повторно повикаа да нема насилни дејствија.

    Вчерашните протести беа обележани со немири кои започнаа откако демонстрантите, предводени од лидерите на СПН, формираа обрач околу Собранието на Белград и се обидоа насилно да влезат во зградата. Демонстрантите ја скршиле вратата и неколку прозорци на зградата на Собранието во Белград, фрлале стаклени шишиња и ја скршиле вратата со стапови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img