Српската актерка Анѓелка Прпиќ, ѕвездата на серијата „Андрија и Анѓелка“, се породи.
„Блиц“ пишува дека девојчето го добило името Чарна, по улогата во серијата „Жените од Дедиње“, која ја прослави Анѓелка. Актерката претходно нагласи колку оваа улога и го променила животот.
„Моето време го делам на периодот пред и по таа улога“, рекла таа.
Ова е прво заедничко дете за Анѓелка и нејзиниот партнер Марко, а има и син од бракот со Дарио Прпиќ.
Анѓелка и Дарио, кој е сопственик на ресторан во Белград, се разведоа во 2020 година и беа во брак 10 години.
„Разводот не значи војна. Сè уште сме семејство. Едни на други сме најблиски, без разлика на која адреса живееме“, изјавила Анѓелка во едно од интервјуата што ги дала по разводот, но нејзиниот поранешен не криел дека е разочаран од ваквиот развој на настаните.
„Им посакувам многу среќа, ако се венчаат, можам да им бидам кум. Дури и ако Марко сака да го земе моето презиме, немам ништо против“, саркастично изјавил Дарио за српски „Курир“.
Нему близок извор тогаш истакна дека Дарио не ни сонувал дека Марко може да се сплетка со неговата сопруга, бидејќи и тој била на нивната венчавка а и доаѓал кај нив дома. Првите денови бил во шок, а Марко наводно поради Анѓелка ја оставил својата девојка по 11 години врска.
Гласините за тоа дека актерката има нова љубов започнаа на крајот на 2022 година, а парот на крајот престана да се крие.
ФОТО: Инстаграм