More

    Српска тенисерка фатена со 8,5 килограми марихуана

    spot_img

    Tинејџерката Јелена М. (19), која беше тениска шампионка на Србија во конкуренција до 14 години, била фатена со 8,5 килограми марихуана. Полицајци пред два дена го запреле нејзиното возило „смарт“ на враќање од Копаоник и во него ја откриле дрогата. По ова Јелена заврши во притвор, каде решила да се брани со молчење, пишуваат српските медиуми.

    Во автомобилот на девојката, која работи и како тениски тренер, биле пронајдени неколку тениски рекети, спортска опрема, како и црна спортска торба со 20 пакетчиња марихуана со тежина од вкупно 8,5 килгорами.

    Адвокатката Катарина Ѓоѓевиќ, која ја ангажирала мајката на Јелена М., вели дека мајката е очајна поради ситуацијата на нејзината ќерка, а тврди дека и на Јелена и е многу лошо.

    – Станува збор за лице кое е повозрасно малолетно, односно тинејџерка која отсекогаш била трудољубиво и примерно дете, четирикратен државен шампион. Мајката, која е воспитувачка, целиот свој живот го посветила на поврзаноста со ќерката и нејзиниот тенис, па можете да замислите како се чувствува. И Јелена е очајна и ментално скршена – изјавила адвокатката за медиумите.

    Под истрага е и нејзиното момче, односно нејзиниот партнер М.Т., кој е ММА тренер, а претходно бил борец на клубот „Принцип“. Се истражува дали тој има врска со транспортот на дрогата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img