More

    Среде гласините за развод, скандалозната двојка видена во Токио

    spot_img

    Неодамна во јавноста се слушна веста дека Канје Вест и Бјанка Ценсори се пред развод. Американскиот портал ТМЗ напиша дека се скарале и се разделиле пред неколку недели и дека за тоа ги известиле најблиските. Но, сега имаше изненадувачки пресврт. Имено, парот е фотографиран заедно во еден трговски центар во Токио.

    Судејќи по фотографиите, гласините за нивниот развод се лажни, а парот изгледа мошне среќен. Во еден момент Бјанка во еден момент ги држела рацете врз лицето на раперот и била насмеана од уво до уво.

    „Дејли мејл“ напиша дека извори блиски до славната двојка тврдат дека тие „веќе одредено време се оддалечуваат еден од друг“.

    „Тие раскинаа пред извесно време“, открил изворот. „Бјанка почна да гледа на врската во ново светло откако пријателите и семејството изразија загриженост за начинот на кој таа се облекува во јавноста, а Канје почувствува дека повеќе не е вљубена во него како на почетокот“, додале тие.

    Последен пат заедно беа фотографирани на 20 септември во Токио, а потоа Канје беше виден на аеродромот во Хонг Конг без неа, што доведе до гласини за развод.

    Меѓутоа, новите фотографии покажуваат дека Канје и Бјанка се вљубени и среќни.

    Канје и Бјанка се венчаа во 2022 година, еден месец откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Оттогаш, парот привлекува внимание каде и да се појави, најмногу поради нивните модни комбинации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img