More

    Средбата во Брисел заврши без никаков напредок

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти не постигнаа согласност за ниту една точка на средбата која заврши попладнево во Бирсел, јавуваат српски медиуми, кои вината за тоа ја гледаат во однесувањето на Курти, кој, надовно, „одбил сè што му било понудено“.

    Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ изјави во Брисел дека “делегацијата на Србија се бори за мир’ и дека српскиот претседател утре, по враќањето во Белград, ќе ѝ се обрати на јавноста.

    Во Брисел заврши втората рунда од трилатералните разговори на претставниците на Европската Унија со српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти. Претходно, одвоено, во два наврати, шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел и специјалниот претставник на Унијата за дијалогот Мирослав Лајчак разговараа со Курти и со Вучиќ.

    Медиумите јавуваат дека во зградата на Европската служба за надворешни работи во Брисел бил и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар.

    Претходно Вучиќ на Инстаграм напиша: „Почеток на разговорите за суштинските проблеми на Косово и Метохија. Се надевам на какво-такво решение, иако во тоа воопшто не верувам“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img