Средба со ученици на тема семејно насилство и родова еднаквост

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ – „Dancing (Talking)Table“. Денеска од 11 часот, во соработка со Женскиот центар за поддршка од Кавадарци и Здружениото за родова еднкаквост „Визија“, ќе оствари средба со учениците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино.

На темата ќе се обратат Благородна Димова, лиценциран психолог и психодрама терапевт, член на кабинетот за психотерапија и едукација „Амигдала“ и соработник во Женски центар – за жени и деца жртви на семејно насилство, Флорида Илиевска, социјална работничка во женскиот центар против семејно насилство и Рисима Рисимкин, уметник и професор, автор на проектот.

Во 17:30 часот  во соработка со здружението КОРТЕКС од Тетово, ќе се оствари средба со учениците од ОСТУ „Гостивар“ во Гостивар. На темата ќе се обратат Кристина Јованоска – педагог во ОСТУ,,Гостивар“ и магистар по менаџмент во образование, м-р Небахат Имери – основач на ЗПСП Кортекс работи советување и психотерапија со млади и возрасни, вработена во ЈУМЦСР-Тетово и Рисима Рисимкин, уметник и професор.

Целта на овие средби и разговори е преку непосредна комуникација со младите да се детектираат проблемите со кои тие се соочуваат и тие да се запознаат со можностите и начините на справување со разни видови насилство и родова (не)еднаквост. Да се поттикне и развива толеранцијата и прифаќањето на различностите и да им се отвори патот кон индивидуално дејствување и промена на свеста за овие општествени проблеми.

Во рамки на двата настана ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин. Настапуваат танчарите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“. Филмот е создаден како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост и семејно насилиство, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.

Share This Article