СРЕДБА ОСМАНИ – РИКЕР ВО ЊУЈОРК

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално заседание на ОН, оствари средба со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори и долгогодишен пријател на Северна Македонија.

На средбата стана збор за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст.

Воедно, беше реафирмирано силното сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи.

Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Share This Article