Средба на вицепремиерот Николoски со амбасадорката Aгелер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на која разговарале за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и на Министерството за транспорт.

Како што соопштија од Министерството, Николоски ја истакнал огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.

Тој изразил уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

На средбата министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач. На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија. Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката, се наведува во соопштението.

Share This Article