Средба на претседателот Пендаровски со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за процесот на европските интеграции на земјава, состојбите во регионот на Западен Балкан и пошироко, како и за актуелните политички случувања во Северна Македонија.

Во таа насока, претседателот изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во пристапување на земјава кон Европската Унија, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

Претседателот ja поздрави значајната улога на Сарацин, како специјален пратеник на германската сојузна Влада за земјите од Западен Балкан,  што е уште една потврда за нивната посветеност на регионот.

Share This Article