Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски, за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.На средбата беше изразена подготвеност за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, нагласувајќи ги потенцијалните можности за јакнење на економската соработка.

Двајцата соговорници разменија мислење за актуелните политички случувања во двете земји, во Европа и во регионот на Западен Балкан, реафирмирајќи ги заложбите за регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку доследно јакнење на демократските процеси и засилено меѓународно партнерство.

Соговорниците се согласија дека тесната соработка во рамки на НАТО сојузништвото, ќе продолжи и во процесот на интеграција во Европската Унија, како заедничка стратешка цел на двете земји.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Абазовиќ за назначувањето на новата функција, посакувајќи му успешен мандат при справувањето како со внатрешните, така и со надворешно-политичките предизвици и цели.

Share This Article