Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев со амбасадорот на Република Албанија Н.Е. Фатос Река

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Денеска (23.02.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Албанија Н.Е. Фатос Река. На средбата министерот Тошковски се заблагодари за целокупната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи и особено со амбасадата на Република Албанија. Особена благодарност министерот Тошковски упати за разбирањето што Република Албанија го има во однос на проблемот со личните документи. Амбасадорот Река исто така се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во борбата против организираниот криминал, граничното работење и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина, особено на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
- Advertisement -
Ad image

Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев исто така се заблагодари за досегашната соработка со Република Албанија со заеднички акции во делот на недозволена трговија со дрога, а особена благодарност упати за одличната организација и пречек за време на одржувањето на Берлинскиот процес во Тирана. Особена благодарност упати и за потпишувањето на Договорот за соработка во областа на културата, со кој од Република Албанија беа предадени голем број украдени икони.

Share This Article