More

    Средба на министерот Спасовски со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н.Е. Ерик Мејер

    spot_img
    Денеска, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија  Оливер Спасовски оствари работна средба со заменик Шефот на Мисијата на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н.Е. Ерик Мејер, на која  Спасовски  до заменик Шефот на Мисијата Мејер и членовите од делегацијата  упати благодарност за досегашната соработка и поддршка на Соединетите Американски Држави години наназад конкретно во делот на зајакнување и модернизирање на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.
    Во делот приоритети и цели на Министерството, министерот Спасовски ги посочи борбата против сите облици на организиран криминал и борбата против тероризмот, за што констатираше дека овие цели успешно се спроведуваат а постигнатите  резултатите се на високо ниво.
    Заменик Шефот на Мисијата Мејер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешнава средба како и за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД  за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img