More

    Средба на министерот Муртезани со францускиот амбасадор Бомгартнер

    spot_img

    На 9 Јули 2024 година Министерот Орхан Муртезани оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Северна Македонија, неговата екселенција Сирил Бомгартнер.

    Во фокусот на дискусијата беа евроинтегративните процеси, билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Франција како и можностите за продлабочување на истата.

    Во 2021 година беше ратификуван Договорот помеѓу Северна Македонија и Француската Република за основањето на Француската развојна агенција, ПРОПАРКО и Експертиза Франција во Северна Македонија кој отвора можности за соработка особено во поглед на заштита на животната средина и климатските промени, економски развој и социјала.

    Со назначувањето на Миа Матковиќ како нов експерт, Франција уште еднаш ја потврди нејзината поддршка за процесот на европска интеграција на Северна Македонија и нејзиното приближување до полноправно членство во унијата.

    Говорниците ја потврдија заложбата за продолжување и продлабочување на успешната билатерална соработка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img