Средба Ковачевски – Дир: Целосна поддршка на Украина од Северна Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се сретна со Лариса Ди, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјава.

На состанокот е изразена благодарност за навремените и конзистентни политики на Северна Македонија на линија на надворешната политика на ЕУ, во однос на ситуацијата во Украина, како и за донациите од помош за украинскиот народ.

Премиерот Ковачевски нагласи дека Република Северна Македонија најостро ја осудува руската агресија врз украинските граѓани и дава целосна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Претседателот на Владата Ковачевски изрази поддршка и за интеграциските аспирации на Украина, како демократска земја којашто припаѓа во демократските сојузи на држави.

Заеднички е констатирано дека е неопходно Руската Федерација веднаш да ги повлече трупите од окупираните територии во Украина и да отпочнат мировни разговори.

Разговарано е и за последиците од војната во Украина, коишто се рефлектираат со предизвици во снабдувањето со енергија и храна во целиот свет, како и за можностите за нивно надминување.

Претседателот на Владата Ковачевски најави дека Република Северна Македонија, како држава членка во НАТО и земја којашто ги почна преговорите со ЕУ, продолжува со принципиелните политики за одбрана на мирот, поставена целосно на линија на таквите надворешни политики на НАТО и на Европската Унија.

На средбата се потврдени пријателските билатерални односи помеѓу двете држави и определбата за унапредување на економската соработката, во областа на енергетиката, инфраструктурата, туризмот.

Share This Article