Средба Бектеши-Фрагогијанис: Работиме на зајакнување на економската соработка и поголема енергетска поврзаност помеѓу Северна Македонија и Грција

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Зголемување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Грција како и преземањезl заеднички чекори коишто ќе имаат импакт врз создавање на услови за забрзан раст на економијата. Ова беа главните теми на кои разговараа министерот за економија Крешник Бектеши и заменик- министерот за надворешни работи на Грција, Костас Фрагогијанис на денешната работна средба во Министерството за економија.

Министерот Бектеши и заменик-министерот Фрагогијанис на состанокот ја истакнаа потребата за зајакнување и унапредување на економската соработка меѓу двете земји, пред се во делот на трговската размена, иневстициите и енергетското поврзување.

На средбата се дискутираше и за тековните и идни проекти.

Министерот Бектеши истакна дека се работи засилено за подобрување на енергетската поврзаност помеѓу двете земји.

Како еден од позначајните проекти кој беше истакнат е проектот за изградба на интерконективниот гасовод од Северна Македонија до Грција кој се очекува да почне да се гради оваа година, за што минатата година беше и потпишан договор помеѓу двете Владаи.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 58 милиони евра, за што веќе се обезбедени средства од Европската инвестициска банка во износ од 28,9 милиони евра, од ВБИФ се добиени грант средства во износ од 9,9 милиони евра кои ќе бидат искористени за финансирање на градежните работи, а грант средства во износ од 2,6 милиони евра ќе бидат наменети за техничка помош во спроведувањето на проектот подобрување на комуникацијата и видливоста на проектот, како и евалуација и ревизија на проектот.

Преостанатите 16,5 милиони евра ќе се обезбедат од ЕБОР за што Владата во наредниот период ќе поднесе посебен Предлог-закон за гаранција.

Министерт Бектеши и заменик –министерот Фрагојанис се согласија дека иако Грција е четврти најголем трговски партнер на Северна Македонија, со скок од една позиција минатата година, сепак помеѓу двете соседски земји има голем простор за соработката да се унапреди во наредниот период.

Според статистичките податоци вкупната трговска размена на Северна Македонија и Грција од јануари до ноември 2021 година изнесува 838,8 милиони евраи е за 48% поголема споредено со истиот период претходната година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply