More

    Србите во свој стил го пречекаа бендот „Рамштајн“

    spot_img

    Германскиот индустриски метал бенд Рамштајн настапи во Белград, Србија, а обожавателите решија, во свој дух, да го пречекаат и да го поздрават славниот германски „танз метал“ бенд со песната: „Изаџи мала“ од босанскиот фолк пејач Ферид Авдиќ.

     

     

    Рамштајн не разочара и го оправда искрениот дочек од страна на обожавателите.

    Бендот ја испорача својата препознатлива експлозивна комбинација од звук, светлина и неверојатно тешки пиротехнички елементи кои се заштитен знак на германскиот „танз“ бенд.

    За време на повеќе од два часа концерт, Рамштајн целосно ги надмина очекувањата на публиката, која цело време, во екстаза, го следеше концертот.

    Освен голем број љубители од Македонија, околу 120.000 луѓе можеа да го видат својот омилен бенд во текот на два дена.

    Во последните денови, Белград беше буквално преплавен со посетители од сите делови на Европа – имаше фанови од сите земји во регионот, посетители Велика Британија, Франција, Холандија, Данска, Турција, Русија, Украина, но и оние кои дојдоа од друг континент, од Обединетите Арапски Емирати, објави српски Б92.

    Рестораните и кафулињата деновиве беа исполнети до крај, а сместувачките капацитети во главниот град беа исполнети со недели пред закажаните настапи, не можеше да се најде соба во хотелите, приватното сместување во тесниот и поширок центар на градот беше одамна резервирано, па многумина беа принудени да изнајмуваат куќи и соби во приградските населби: во Барајево, Грочка, Јаков, Ледине, Земун Поље и други општини.

    А песната на Авидиќ… можете да ја слушнете тука…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img