Србите во Лепосавиќ донесоа озвучување пред општинската зграда и со песна протестираат против обидот на новоизбраниот градоначалник Љуљзим Хетеми да ја окупира и узурпира оваа зграда со помош на припадници на косовската полиција.
Покрај патриотските песни како „Весели се српски роде“, на озвучувањето се пушташе и „Ужичко Коло“, а присутните играа оро.
Силите на КФОР од утрово се присутни пред зградата на општина Лепосавиќ, како и бројни припадници на косовската специјална полиција, а околу зградата на општината се нанижани бодликави жици, потсетува Косово онлајн.
На нелегалните избори на 23 април, кои ги бојкотираа Србите, Хетеми со 100 гласа беше избран за градоначалник на Лепосавиќ.
Училиштата на северот на Косово денеска се затворени, а американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер ги покани на средба градоначалниците на Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица со цел да се смири ситуацијата.
Но, на таа средба не присуствуваа градоначалникот на Лепосавиќ и на Северна Митровица.