Србите од 1 јуни ќе плаќаат една патарина и со Грција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иако земјава почна разговори со грчкото Министерство за транспорт за воведување на интегрирана наплата на патарините, не се знае кога граѓаните ќе можат без запирање да ги минуваат рампите на грчките автопати. Се поизвесно е дека овие преговори ќе треба да ги продолжи новиот состав на Министерството за транспорт, по изборите. Дополнително ќе треба да се разговара и со Црна Гора и со Хрватска со кои Србија наскоро воспоставува систем за интегрирана наплата на патарините, ако државава сака да им го олесни патувањето на граѓаните и на транспортерите и со овие земји.

За разлика од нас, Србија веќе ги кажа датумите од кои воведува единствен систем за наплата на патарините со Грција, Црна Гора и со Хрватска.

Според она што го најави српското претпријатие „Патишта“ српските граѓани ќе можат на едно место да платат патарина во Црна Гора од 15 април, со Хрватска од 15 мај, а со Грција од 1 јуни.

Претпријатието соопшти и дека заедничката наплата „Отворен Балкан ЕТЦ“ прераснува во иницијатива и платформа „Патарина за сите“ која, како што се наведува, носи нова ера на мобилност во нашиот регион.

„Патарина за сите“, покрај наплатата на патарините, ќе има и нови функционалности, како наплата на паркинг, туристички зони и слични услуги, за кои корисниците навремено ќе бидат информирани.

„По Северна Македонија, каде што системот веќе функционира, создаваме интегриран систем за наплата на патарина со Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција и работиме во иднина и други земји да станат дел од оваа иницијатива“ се наведува во соопштението на Патишта на Србија.

Share This Article