Србите излегуваат на масовен протест поради трагедијата во Нови Сад

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад сѐ уште е сериозна. Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад вечерва е најавен масовен протест, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорот на Клиничкиот центар Војводина, Весна Туркулов, изјави дека лекарите сѐ уште се борат за животот на повредените.

– Сѐ уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата сѐ уште не е стабилизирана. Се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот сѐ уште трае – изјави д-р Туркулов.

Таа додаде дека тим од психолози и психијатри е вклучен и работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.

Како што е најавено, опозицијата во 18 часот организира протест во близина на железничката станица.

Претставниците на активистичката група СвиЌе најавија дека за денешниот протест се планирани симболични активности и додадоа дека ќе одат „во сѐ порадикални акции“.

Во понеделникот вечерта, активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) закачија транспарент на Градското собрание на големо бело платно на кое со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.

Во понеделникот непознати сторители искршија излози во просториите на два месни комитети на Српската напредна странка во Нови Сад, и офарабаа неколку простории со црвена боја со зборовите „Убијци“.

Министерот за градежништво Горан Весиќ вчера поднесе оставка, иако порача дека „не е виновен“.

- Advertisement -
Ad image

Опозицијата бара оставка и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Share This Article