Србите на северот на Косово синоќа поставија блокади и на патот до граничниот премин Мердаре, од правец на Куршумлија кон Подуево. Косовското Министерството за надворешни работи и дијаспора (МПЈД) преку објава на Фејсбук соопшти дека „српските криминални групи го блокираа граничниот премин Мердаре“.
„Се известуваат сите сонародници и граѓани кои се на пат да ги користат другите гранични точки за сообраќај до дополнително известување од институциите на Република Косово“, се наведува во соопштението.
Министерството за надворешни работи ги советува граѓаните кои веќе влегле во Србија да ги користат граничните премини Мутивода и Деу и Барда или преку Скопје да тргнат кон граничниот премин Прешево.
Барикадите на северот на Косово траат веќе 19 дена, и покрај повиците на САД, Велика Британија и Германија до локалните Срби да ги отстранат, како и шатл дипломатијата од САД и ЕУ кои повикуваат на деескалација и се обидуваат да донесат двете страни на преговарачка маса.